Background

Хрватска од следната недела почнува со примање барања за издавање на посебни долгорочни визи со траење од една година за професионалните возачи на камиони и автобуси од Македонија и од земјите од Западен Балкан

Хрватска од следната недела почнува со примање барања за издавање на посебни долгорочни визи со траење од една година за професионалните возачи на камиони и автобуси од Македонија и од земјите од Западен Балкан.

Поднесувањето на барањата за овие визи официјално е закажано да започне од 23 септември 2026 година.

Амбасадите на Хрватска во земјите од Западен Балкан првично ќе почнат да примаат помал број барања дневно, а капацитетот ќе се зголемува како што електронскиот систем целосно ќе се прилагодува.

- Advertisement -
Ad image

Оваа мерка доаѓа како одговор на строгите контроли на Шенген системот за влез/излез (EES), кој ги ограничува возачите од трети земји на престој од најмногу 90 дена во период од 180 дена.

Со долгорочната виза, ова ограничување се надминува додека возачите транзитираат или работат во Хрватска.

Хрватска е првата земја-членка на ЕУ која направи ваков чекор преку измени во својот Закон за странци за да им помогне на превозниците од регионот.

Покрај Хрватска, Македонија веќе има потпишано слични билатерални договори и со Романија и Швајцарија, а во тек се преговори за исти вакви решенија со Германија, Австрија, Унгарија и Словенија.

 Биљана Муратовска од здружението „Макам-транс“ изјави дека  во отсуство на единствено решение на ниво на Европската Унија, прашањето ќе мора да се решава билатерално со секоја земја од шенген-зоната.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски неделава најави дека наскоро ваков договор да се потпише и со Австрија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation