Background

Вучиќ ги проба израелските воени дронови што се произведуваат во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ, зборувајќи за плановите за развој на домашната воена индустрија најави и изградба на нови фабрики за дронови и нагласи дека целта е Србија да ја совлада технологијата и да произведува модерни беспилотни системи.

– Ова е многу важно за нас, за да не зависиме од увоз. Имаме и приватни фабрики за беспилотни летала, Комарац 1 и Комарац 2 се наши беспилотни летала, но ова е дополнително важно – рече Вучиќ.

Тој вчера во Србија ја отвори фабриката за склопување израелски воени дронови, која, според него, ќе вработува околу 100 луѓе и ќе произведува опрема за Војската на Србија и за армиите на други земји. Ќе се произведува израелскиот борбен дрон од типот Ланиус X.

- Advertisement -
Ad image

Поради доверливоста на производството, новинарите не беа пуштени на обиколка.

Вучиќ на Инстаграм спорели видеа од посетата на фабриката.

– Го видовте во акција, тој буквално има очи, уши, сè што е потребно за, метафорично кажано, да ја брка целта, буквално да ја чека целта во заседа. Не можете едноставно да се одбраните од него. Тоа е релативно скап дрон, многу поскап од нашиот Комарац. Поголемиот дел од него ќе го користат српските вооружени сили, но дел ќе биде и за извоз – рече Вучиќ.

Најави дека ќе се отворат уште најмалку три фабрики со израелски партнери низ Србија.

Вучиќ истакна дека ова е единствениот тип дрон што ќе се произведува.

– Прво е склопувањето, а подоцна поголемиот дел ќе го произведуваме во нашата земја. За околу една година, речиси сите делови ќе бидат произведени во Србија. Суштината е дека добиваме трансфер на технологија, дека знаеме како се прави тоа, дека стекнуваме ново знаење и дека можеме да го произведуваме во нашата земја, а да не зависиме од увоз, доколку се појави каква било ситуација што не ја очекуваме во моментов. Во иднина, освен Ланиус, може да произведуваме и други дронови, како Фајерфокс, тоа е јуришен дрон, многу опасен дрон. Потоа дрон што се користи за извидување, а всушност испраќа сигнали до сите други – рече Вучиќ.

Тој нагласи дека е благодарен за соработката со Израелците.

– Суштината на сè што правиме со Израелците е управувањето со таканаречената „дигитална армија“. Видовте сега во Пештер, во нападот на тоа едно село, нашиот Мал Милош учествуваше, односно беспилотен тенк, мал тенк, без екипаж, без луѓе. Учествуваа роботски кучиња, вооружени со митралези и револверски фрлачи на гранати и зољи. И, секако, видовте и беспилотни летала од различни видови кои имаа офанзивни активности. Значи, без ниту едно лице, успеавме речиси целосно да уништиме една населба, токму онака како што треба да бидете подготвени за она што може да ни се случи во иднина. И, затоа, го зачувуваме мирот, ја зачувуваме стабилноста, речиси по секоја цена – рече Вучиќ.

Претседателот нагласи дека Србија е пред регионот.

– Значи да, ова се неверојатни случувања и ништо не оди толку брзо колку што би сакал, но дали се движиме значително пред регионот? Да, се движиме значително пред регионот и сум благодарен за тоа – рече Вучиќ во интервју за Информер.

Пред неолку дена во рамките на вежбата „Победник 2026“ на Пештер беше демонстриран роботизиран и беспилотен напад врз населено место, без непосредно учество на човек.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation