Background

Австралија ќе ги притвора туристите што остануваат во земјата по истекот на визите

Австралија ќе ги притвора туристите кои остануваат во земјата откако ќе им истечат визите, како дел од новите владини мерки насочени кон намалување на бројот на лица што го пречекориле дозволениот престој и на целокупното ниво на миграција, објави во петокот помошникот-министер Мет Тислтвајт.

Тислтвајт изјави дека туристите кои остануваат во земјата по истекот на визата ќе бидат сместени во центри за имиграциски притвор, истакнувајќи дека бројот на луѓе кои моментално престојуваат во Австралија без важечка виза се искачил на приближно 77.000, пренесува АФП.

Владата очекува дека можноста за притвор ќе ги поттикне поединците со истечени визи доброволно да ја напуштат земјата.

- Advertisement -
Ad image

„Кога ќе се прошири веста дека некој ја пречекорил туристичката виза, бил притворен и поминал неколку недели во имиграциски притвор пред да се врати дома, веруваме дека тоа ќе обезбеди луѓето да ги почитуваат условите од своите визи“, изјави Тислтвајт за австралискиот канал „News24“.

Австралискиот министер за внатрешни работи и имиграција, Тони Бурк, претходно најави обезбедување на 250 дополнителни места во центрите за притвор и ангажирање на уште 100 службеници задолжени за спроведување на имиграциските правила.

Владата исто така размислува да пренамени поранешен објект за карантин во Мелбурн за сместување на лица кои чекаат депортација.

Овие мерки се дел од поширока реформа на австралиската миграциска политика. Владата најави и ограничувања за странските студенти и за носителите на визи за работа и одмор, како и построги правила чија цел е да се спречи менувањето на видовите привремени визи со цел продолжување на престојот во земјата. Австралискиот совет за туристичка индустрија предупреди дека најавите за притворање на туристи би можеле да ѝ наштетат на репутацијата на Австралија како гостопримлива туристичка дестинација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation