Background

23-годишниот Сет Волс е обвинет за убиство на 15-годишна девојка

Сет Волс(23), по кого беше распишана меѓународна потерница за убиството на 15-годишната Хејли Риди во Тенеси во 2022 година, е уапсен вчера во Љубљана, повеќе од 8.000 километри од местото на злосторството, соопштија американските федерални власти, додавајќи дека неговиот идентитет бил потврден преку отпечатоци од прсти доставени од Интерпол.

Волс моментно се наоѓа во притвор во Словенија и го очекува постапка за екстрадиција во округот Шелби, во американската сојузна држава Тенеси, каде што треба да се соочи со обвиненијата.

Волс е обвинет дека во септември 2022 година, кога имал 19 години, во куќа во Милјингтон со огнено оружје ја усмртил 15-годишната Хејли Риди.

- Advertisement -
Ad image

Според наодот на лекарот што ја утврдил смртта, станувало збор за убиство. Куршумот влегол зад десното уво и излегол низ левата слепоочница, под агол за кој било утврдено дека исклучува можност за самоубиство.

Волс првично бил обвинет за убиство од небрежност, но подоцна обвинението било изменето во убиство од втор степен и несовесно загрозување со смртоносно оружје.

Откако бил пуштен од притвор со кауција од 10.000 долари, Волс не се појавил на судското рочиште, по што исчезнал, а по него била распишана потерница.

Семејството на убиената девојка уште во времето кога Волс бил пуштен со кауција остро реагирало на одлуката.

– Не е важно дали го направил тоа намерно или не. Тој ја уби мојата ќерка. Таа нема втора шанса, не може никого да повика, ниту може да плати кауција – изјавил тогаш нејзиниот татко Дејвид Риди за локалните медиуми.

Шерифот на округот Шелби, Ентони Бакнер, во изјава по апсењето на Волс ја истакна важноста на меѓународната полициска соработка.

– Апсењето на Сет Волс во Словенија е силен пример за тоа што може да се постигне кога локалните, државните, федералните и меѓународните полициски агенции соработуваат. Им честитам на федералните власти и на сите наши партнери за нивната одлучност и истрајност – рече Бакнер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation