Цените на суровата нафта денеска почна да паѓа по извештаите дека Саудиска Арабија планира да врати приближно половина од капацитетот на својот нафтовод Исток-Запад во рок од неколку дена и да го врати во целосна работа во рок од шест недели што влијаеше на очекувањата на трговците.
Цената на нафтата „брент“ утрово падна на 104 долари за барел намалувајќи се за 1,2%, додека цената на американската нафта ВТИ се намали за 1% на 101 долар за барел.
Интересно е што во последните денови руската нафта „уралс“ нагло поскапи. Денеска таа се продава за 122 долари барел што е зголемување за 8,8% за еден ден.
Саудиската државна нафтена компанија „Сауди Арамко“ објави дека работи на заобиколување на оштетениот дел од нафтоводот, со цел да врати околу половина од својот капацитет во наредните денови, додека целосната работа би можела да се врати за околу шест недели.
Саудиска Арабија ги засили напорите за транспорт на повеќе сурова нафта преку Ормуз со помош на американската војска.
Во меѓувреме, американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека 18 милиони барели сурова нафта и нафтени производи поминале низ Ормуз оваа недела.
На падот на цените на нафтата влијаеја и официјалните податоци за залихите на нафта во САД кои покажауваат намалување за 640.000 барели на 423,4 милиони барели, иако намалувањето е помало отколку што очекуваа аналитичарите.
Бројките се разликуваа од претходната проценка на API за зголемување на залихите на сурова нафта од 7,1 милион барели.
Како резултат на кризата со испораките на нафта од Саудиска Арабија руската нафта станува незаменлива алтернатива, а тоа влијаеше последниве неколку дена нејзината цена да се искачи на 110 долари за барел. денеска се продава за 122 долари.
Тоа беше причина и за реакција на руската власт. Специјалниот претставник на претседателот на Русија за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев, изјави дека руската нафта е неопходна во светскиот енергетски систем за оние кои сакаат да ја избегнат енергетската криза.
„Руската нафта над 110 долари ја покажува клучната улога на Русија како сигурен снабдувач со енергија и нејзината неопходност во секој енергетски микс, особено за да се избегне преоптоварување од енергетски кризи“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
