Словенечкиот премиер Јанез Јанша најави дека околу 50.000 вработени од јавниот сектор постепено ќе преминат во стопанството, појаснувајќи дека тоа не значи масовни отпуштања, туку намалување на бројот вработени во администрацијата преку природен одлив и преминување на дел од нив во стопанството.
Тој ја претстави својата замисла на 58. саем МОС во Цеље. Според него, Словенија во времето на осамостојувањето имала околу 126.000 вработени во јавниот сектор, а денес нивниот број е приближно 196.000.
Јанша рече дека дел од зголемувањето на бројот на вработените било оправдано поради развојот на здравството, социјалната заштита и другите јавни служби, но зголемувањето на бројот на вработените во државната и во јавната администрација не било потребно.
Затоа најави „меко“ и постепено пренасочување на вработените, без масовни отпуштања. Дел од намалувањето на бројот на вработените би се постигнал преку природен одлив, односно со заминување во пензија и со непополнување на сите испразнети работни места.
Јанша не прецизираше во кои делови од јавниот сектор смета дека има најголем вишок вработени, ниту во кој рок би требало да се спроведе најавената промена.
Како аргумент за пренасочувањето на вработените, Јанша го наведе недостигот од работна сила во словенечкото стопанство. Тој рече дека Словенија издала околу 148.000 работни дозволи за странски работници, но не прецизираше на кој период се однесува таа бројка. Бројот издадени дозволи, исто така, не е ист со бројот на странски работници кои моментално се вработени во земјата.
Според него, намалувањето на бројот на вработените во јавниот сектор би требало да се овозможи со забрзување на дигитализацијата, оптимизација на процесите и со поширока употреба на вештачката интелигенција.
Јанша најави и промени во образовниот систем, со цел поголем број ученици и студенти да се насочуваат кон дефицитарните занимања во стопанството. Повеќето образовни програми треба да бидат обновени до средината на 2027 година, а првите резултати би можеле да се видат за 3 до 4 години.
Словенечкиот министер за економија, Анже Логар, беше повнимателен од премиерот. Тој не потврди дека во јавниот сектор постои вишок од 50.000 вработени, туку рече дека најнапред треба да се создаде поволно деловно опкружување во кое стопанството ќе отвора квалитетни работни места.
Тој додаде дека евентуалниот вишок вработени во јавниот сектор би се решавал во согласност со законите. Предлозите до крајот на 2026 година треба да ги подготви Стратешкиот совет
Tagged as:
Јанша со план како да се намали недостигот на работници во Словенија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
