Background

Осомничената за лажните возачки претходно била вмешана во други фалсификувања

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го повика судството да не ги повторува грешките од минатото откако истрагата за фалсификувани возачки дозволи опфати 27 лица. Меѓу осомничените е и вработена во МВР која, според Тошковски, претходно била вмешана во други фалсификувања, но со судска одлука била вратена на работа.

– Сега топката е во рацете на Обвинителството и судот, особено судот – рече Тошковски, изразувајќи надеж дека одлуката ќе биде законита и праведна и ќе има превентивен ефект.

Тој порача судот да не носи одлуки како во минатото, по кои истите осомничени повторно се појавуваат во вакви постапки.

- Advertisement -
Ad image

Кривичната пријава е поднесена против 27 лица поради сомнение за незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба. Истрагата покажала дека во електронскиот систем биле внесувани категории за кои лицата не ги исполнувале законските услови, по што им биле издавани дозволи со невистинита содржина.

Според МВР, осомничената вработена во Одделението за управни работи Скопје од септември 2020 до август 2026 година ја користела службената шифра за незаконски да менува веќе креирани барања. Во некои случаи ги отфрлала старите и креирала нови барања со дополнителни категории.

Најопасниот дел од случајот, според Тошковски, е што на лица кои немале положено за соодветната категорија им било овозможувано да добијат дозволи за управување автобуси и тешки товарни возила. Тој предупреди дека така зад волан можел да седне човек без потребната обука и положен испит.

– Значи, госпоѓата со тоа што го сторила буквално му го загрозила животот на секого од нас затоа што му овозможила на некој што не поминал соодветна обука, не го положил испитот што требало да го положи, нема доказ навистина дека го научил она што требало да го научи, а притоа му дала во рака волан да управува автобус или камион од неколку тони и притоа му го загрозила животот буквално на секое едете што поминува улица – нагласи Тошкоски.

Тошковски смета дека токму затоа судската одлука треба да испрати порака и до сите што во иднина би се обиделе да го злоупотребат системот. Според него, МВР веќе има систем преку кој може да ги детектира незаконските промени на податоците, иако за нивното целосно истражување понекогаш е потребно време.

– Со запретената казна навистина секој во иднина двапати да размисли – рече Тошковски, додавајќи дека последиците од ваквите злоупотреби можат да ги загрозат не само граѓаните во Македонија, туку и другите учесници во сообраќајот низ Европа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation