Само еден ден откако Александар Лукашенко побара од САД да помогнат во одмрзнувањето на белоруски средства вредни 43 до 44 милиони долари, од затворите во Белорусија излегоа 25 лица. Тоа е првата конкретна транша од новиот привремен договор меѓу Минск и Вашингтон.
Американскиот специјален пратеник за Белорусија Џон Коул потврди дека 25 затвореници се ослободени по неговите директни разговори со Лукашенко. За возврат, САД ги укинуваат санкциите за „Лакокраска“, производител на бои и индустриски премази, и државниот концерн „Беллесбумпром“.
Но, парите за кои Лукашенко разговараше со Американците сè уште не му се вратени. Станува збор за околу 43 до 44 милиони долари белоруски средства за кои тој тврди дека се замрзнати во „Ситибанк“. Коул му ветил дека американската страна работи со банките на механизам за нивно ослободување.
Денешните 25, според сè, нема да бидат последните. Коул најави дека планира повторно да дојде во Минск за околу еден месец и дека се надева оти тогаш ќе издејствува ослободување на уште стотици луѓе.
Меѓу ослободените се новинари, медиумски работници, активисти и музичари. Новинарот Андреј Аљаксандрау издржувал 14-годишна затворска казна, а на слобода излегле и Људмила Чекина, Дмитри Наважилау и Кирил Пазњак.
Дел од ослободените биле префрлени во Литванија. Организацијата за човекови права „Вјасна“ тврди дека на некои од нив белоруските власти им ги одзеле пасошите, а нејзин претставник тоа го оцени како присилно протерување.
И покрај новото ослободување, според „Вјасна“, во белоруските затвори остануваат околу 886 политички затвореници. Лукашенко го отфрла самиот термин „политички затвореници“ и негира дека властите апсат нови луѓе за да ги заменат оние што ги ослободуваат.
Преговорите меѓу Минск и Вашингтон траат повеќе од една година. Во март Коул договори ослободување на 250 затвореници, по што САД олеснија дел од санкциите кон белорускиот финансиски сектор и производителите на калиумови ѓубрива.
Tagged as:
ЛУКАШЕНКО ИМ ЈА ИСПОРАЧА ПРВАТА „РАТА“ НА САД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
