Во пожарите во земјите од ЕУ изгореа 700.000 хектари, а шеснаесет земји имаа пожари над просекот, изјави комесарката на Европската комисија Хаџа Лахиб, најавувајќи ги новите мерки на телото во борбата против шумските пожари.
– Штетата од топлотни бранови, суши и пожари во ЕУ оваа година веќе изнесува 28,3 милијарди евра, нагласи Лахиб, додавајќи дека земјоделството е под најголем притисок.
Таа додаде дека ЕУ одговори на сите десет повици за помош во и два надвор од Европа, 40 пати со воздухопловните сили и 18 тимови на терен со 777 пожарникари од 14 европски земји.
ЕУ моментално има на располагање 18 авиони и пет хеликоптери, од кои еден за прв пат е целосно финансиран со европски пари, рече белгиската политичарка.
Таа објави дека ЕУ се движи кон обединување на пожарникарите во таканаречени „европски пожарникари“.
На својата веб-страница, Европската комисија најавува воспоставување на центар за гаснење пожари на Кипар кој ќе биде достапен за медитеранската област, со шест противпожарни станици и полигони за обука на пожарникари.
ЕУ, исто така, помага во борбата против пожарите преку Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), кој со помош на сателитски снимки и беспилотни летала дава предвидувања за претстојните опасности и го следи ширењето на пожарите во живо.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
