Background

СДСМ: Мицкоски ја слави ВМРО како мајка на независноста. Историјата памти другo ВМРО: со Мусолини, Павелиќ и куршум во Марсеј

Мицкоски ја слави ВМРО како мајка на независноста. Историјата памти другo ВМРО: со Мусолини, Павелиќ и куршум во Марсеј❗️
На Денот на демократијата Арамија Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ уште во СФРЈ зборувала за независна Македонија и дека партијата, демократијата и државата биле „сопатници низ времето“.
Независноста на 8 септември 1991 е акт на граѓаните. Референдумот не му припаѓа на Мицкоски. А името што неговата партија го носи не почнува со банкноти и химна. Почнува со терор и туѓа униформа.
Ванчо Михајлов, последниот водач на автономистичката ВМРО, независна Македонија ја барал во заедница со фашистички режими. Не со народ. Со Рим, Берлин и Загреб.
Во април 1929 во Софија, Михајлов се договара со Анте Павелиќ. ВМРО и усташите стануваат партнери.
Фашистичка Италија дава пари, оружје и логистика: бази, канали, обука. Тоа не е легенда. Тоа е документирана соработка против Југославија.
На 9 октомври 1934 во Марсеј Владо Черноземски, човек на ВМРО, го убива кралот Александар Караѓорѓевиќ. Заедно паѓа и францускиот министер Луј Барту. Атентатот е заедничка операција на ВМРО и усташите. На убиецот му наоѓаат тетоважа со иницијали на организацијата.
Европа го гледа на кинолента. Тоа е „меѓународната политика“ на Михајловистичка ВМРО.
Потоа Михајлов не се кае. Оди кај Павелиќ во усташката НДХ. До 1944 е негов близок соработник. Преговара со италијанска војска и со германски служби. Во септември 1944 Германците го носат во Скопје да прогласи „независна Македонија“ како германски проект, за да си го покријат отстапувањето.
Тоа е независноста што ја нудела таа ВМРО: марионета под туѓа команда.
Михајлов ја одбива во последен момент не како антифашист, туку затоа што веќе нема сила. Истата година, до крајот на животот, повторува дека е Бугарин од Македонија. Македонски народ за него нема.
По војната организацијата е забранета. Михајлов живее во Рим. Во СФРЈ се појавуваат илегални групи што го земаат името ВМРО.
Југословенските власти ги водат како сепаратистички и непријателски клетки. Тоа не е демократија во зародиш.
Тоа е продолжение на култот кон организација што државата ја градела со атентат, не со гласачка кутија.
Денешната ВМРО не е истата организација од 1929. Но го превзема името. Го храни култот. Груевски го нарече Михајлов „македонски син“.
Мицкоски сега ја продава истата кратенка како светица на 1991.
Затоа лаже кога вели „уште во СФРЈ зборувавме за независна Македонија“ како да зборува за демократија.
Дел од таа традиција зборуваше за независност во сенка на Мусолини и Хитлер. Дел обучуваше убијци. Дел го гледаше македонскиот народ како бугарска провинција.
Независна Македонија не се роди од тројките на Михајлов. Се роди против таа логика: против туѓ господар, против куршум како политика, против партија што државата ја третира како плен.
Кој денес ја слави ВМРО како единствен татко на слободата, нека каже кој татко: Гоце и Илинден, или Ванчо, Павелиќ и Марсеј.
Мицкоски го бира вториот и го завива во Денот на демократијата. Тоа не е сеќавање. Тоа е фалсификат.
Денес Мицкоски работи исто како своите претходници. Само што сега не е Мусолини во Рим, туку шефот на балканскиот картел во Белград – последниот диктатор во Европа, човек на режимот на Милошевиќ, ученик на Воислав Шешељ – Александар Вучиќ.
Преку него се реализираат интересите на Русија и Кина. Против Европа, чии кандидати сме. Против Америка, стратешкиот партнер.
Партијата пак е алатка на туѓа сила. Името е старо. Методот е ист. Само господарот се смени.
Независноста не се брани со венци на Денот на демократијата. Таа е предадена кога Скопје клечи пред Белград, а Белград клечи пред Москва и Пекинг

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation