Насилник од Кумановско му се заканувал на премиерот Христијан Мицкоски дека ќе го убие, Обвинителството бара притвор за него.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик.
Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Претседателот на Владата, информира Јавното обвинителство.
„Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Притоа, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавителите, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици, со кои се заканува“, соопшти Јавното обвинителство.
Кривичната пријава против осомничениот ја поднесе СВР Куманово.
Според член 144 став 5 од Кривичниот законик, за делото Загрозување на сигурноста е предвидена казна затвор од 1 до 5 години.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
