Background

ДОСЕГА ИДЕНТИФИКУВАНИ 248.844 ЗАГИНАТИ РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Речиси 249.000 руски војници, загинати во војната во Украина, досега се идентификувани по име и презимме, според заедничкиот список на независниот руски портал „Медиазона“ и рускиот сервис на Би-Би-Си. Списокот ги опфаќа потврдените смртни случаи од почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година до 10 септември годинава.

Вкупно се идентификувани 248.844 загинати руски војници, а од нив 6.097 имиња се додадени

само во последното ажурирање на крајот на август. „Медиазона“ нагласува дека тоа не значи дека толку војници загинале во изминатите две недели, бидејќи голем дел од новите случаи се однесуваат на смртни случаи од претходниот период, кои дури сега биле потврдени преку државни регистри и други извори.

- Advertisement -
Ad image

Списокот го составуваат „Медиазона“, Би-Би-Си на руски јазик и група волонтери врз основа на некролози, објави на семејства, регионални медиуми, информации од локалните власти и фотографии од гробови.

Авторите предупредуваат дека бројката не е конечна, бидејќи голем број смртни случаи никогаш не се објавуваат јавно или информациите за нив стануваат достапни дури по неколку месеци или години.

За околу 231.300 идентификувани војници, односно за речиси 93 отсто од потврдените случаи, познат е и датумот на смртта. Меѓу загинатите се потврдени и 7.656 офицери од руската војска и други безбедносни служби.

„Медиазона“ наведува дека уделот на офицерите меѓу загинатите постепено се намалува, што го поврзува со промените во руската тактика и сè поголемото потпирање на доброволци во пешадиските јуришни единици.

Поименичниот список е значително помал од проценките на западните разузнавачки служби, бидејќи ги опфаќа само смртните случаи што можат независно да се потврдат.

Според проценка на британското воено раководство, од почетокот на инвазијата загинале околу 500.000 руски војници. Американскиот Центар за стратешки и меѓународни студии, пак, проценува дека до јуни годинава Русија имала до 1,4 милиони воени загуби, вклучително и ранети и загинати, од кои до 450.000 загинати.

Поради големите загуби, Русија се обидува да го зголеми бројот на војници и со регрутирање странски државјани. „Амнести интернешенел“ неодамна објави дека илјадници странци, главно од посиромашни земји, биле привлечени во руските вооружени сили преку измама, принуда и искористување на нивната ранливост.

Организацијата наведува дека на дел од нив им биле ветувани цивилни работни места, високи плати или руско државјанство, по што биле испраќани на боиштето.

„Медиазона“ продолжува да го ажурира списокот, со напомена дека податоците за поновите загуби сè почесто се појавуваат со значително задоцнување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation