Охрид вчеравечер живееше во духот на културата, уметноста, традицијата и историјата во рамките на настанот „Охрид – Град музеј / Ноќ на музеи“, кој се одржа на улицата „Цар Самоил“ во стариот дел на градот.
Настанот беше организиран од Културолошка Иницијатива „5 до 12“, во партнерство со Општина Охрид и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.
Во име на Општина Охрид, учесниците и посетителите ги поздрави претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.
Во текот на вечерта, посетителите имаа можност да поминат низ повеќе културни локации и одблизу да се запознаат со богатото културно наследство и современиот културен живот на Охрид. Музеи, спомен-куќи, ателјеа, галерии, традиционални занаети, изложби и музички настапи беа поврзани во една заедничка културна маршрута.
Посетителите имаа можност да се запознаат со традиционалните техники на изработка на филигран и стара хартија, охридската резбарска традиција, како и со процесот на создавање на препознатливиот охридски бисер.
Во рамките на настанот беа поставени и повеќе изложби, меѓу кои изложби на современа ликовна уметност, а во Спомен-куќата на Христо Узунов посетителите имаа можност да се запознаат со ликот и делото на Узунов и со неговите пишани сведоштва.
Посебен дел од вечерта беше посветен на музиката. Посетителите имаа можност да уживаат во староградска музика, а завршницата се одржа во дворот на црквата „Св. Софија“, каде беше претставена изложба на дела од Охридската ликовна колонија 2026, по што вечерта заврши со оперско-инструментален музички перформанс.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
