Background

Петнаесетгодишно момче беше спасено откако речиси три дена седело врз превртен мал рибарски брод во ледените води на Беринговото Море, во близина на Алјаска

Петнаесетгодишно момче беше спасено откако речиси три дена седело врз превртен мал рибарски брод во ледените води на Беринговото Море, во близина на Алјаска.

Момчето, кое членовите на семејството го идентификуваа како Дерек Паркер Агнанга, било единствениот преживеан од чамецот, а неговиот постар брат и братучед загинале во несреќата, пренесува Би-би-си.

Тие тројца тргнале од островот Сент Лоренс на Алјаска во петокот, 4 септември, а требало да се вратат попладнето следната недела, соопшти Американската крајбрежна стража. Сепак, откако рибарскиот чамец долг 5,5 метри не се вратил, била покрената операција за пребарување.

- Advertisement -
Ad image

Следниот ден наутро, Крајбрежната стража на САД започнала операција за пребарување со користење авиони и хеликоптери. Момчето на крајот било пронајдено од екипажот на рибарскиот брод „Нортвест експлорер“ и сè уште се наоѓало на превртениот брод.

Еден од воздухопловните тимови во понеделникот го забележал преживеаното дете, кое се држело за трупот на превртен брод. Тие спуштиле сплав за спасување и залихи до него, а потоа стапиле во контакт со рибарскиот брод „Northwest Explorer“, кој се наоѓаше во близина. На снимката од спасувањето се гледа како екипажот му фрла јаже на момчето и го влече неговиот брод поблиску, сè додека не успеат да го качат на безбедно.

– Тој се држел за тој брод речиси три дена. Тој е неверојатно издржливо момче. Иако трепереше од студ, успеа да ни каже дека неговиот брат сè уште е под бродот. Откако детето беше спасено, беа извлечени телата на неговиот брат и братучед – изјави Адам Вајт, капетанот на рибарскиот брод, за локалната телевизија KTUU.

Според извештајот на Крајбрежната стража, детето покажувало знаци на хипотермија откако било качено на бродот, а екипажот го затоплил со ќебиња и шишиња со топла вода.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation