Background

Градските власти на норвешката престолнина Осло ги забранија паметните очила во училиштата, оценувајќи дека не сакаат децата да станат „статисти во собирањето податоци на Мета“

Градските власти на норвешката престолнина Осло ги забранија паметните очила во училиштата, оценувајќи дека не сакаат децата да станат „статисти во собирањето податоци на Мета“.

Забраната се однесува на целиот училишен ден и важи за сите нивоа на образование.

– Ние, политичките претставници, мора да имаме храброст да бидеме искрени за тоа за што всушност станува збор: една од најбогатите компании во светот пласираше производ чиј деловен модел целосно се темели на тоа дека е невозможно да се знае кога некој ве снима. Во Осло не прифаќаме нашите деца да бидат статисти во собирањето податоци на Мета – изјави заменик-градоначалничката задолжена за образование, Јулие Ремен Мидтгарден.

- Advertisement -
Ad image

Мидтгарден, која е локална функционерка од редовите на конзервативците, упати остри критики до левичарската влада, која во оваа фаза само ја разгледува можноста за забрана на функцијата за препознавање лица кај овие уреди и најави формирање стручна група за заштита на јавноста.

– Овие очила веќе се продаваат во Норвешка, се користат во училишните дворови низ земјата и проблемот постои сега. Анализирањето на прашањето не значи и дејствување – нагласи таа.

Паметните очила овозможуваат снимање фотографии и видеа, слушање музика, телефонски разговори, преведување написи на странски јазици, прикажување текст или мапи во видното поле, како и интеракција со интегриран асистент со вештачка интелигенција, а според извештаите, Мета веќе подготвува и функција за препознавање лица.

Забраната во училиштата во Осло официјално стапи во сила уште на 27 август, но нејзиното јавно објавување беше одложено поради деновите на жалост и политичкиот молк што го договорија норвешките партии по смртта на кралот Харалд Петти на 28 август.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation