Во ОВР Свети Николе вчера попладне е пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучка за село Дорфулија, општина Лозово, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(47) од Куманово, излетало од патот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.
Со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Т.С.(44) од Куманово, констатирани во Клиничка болница Велес. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
