Американскиот претседател Доналд Трамп на конвенција на Републиканската партија во Далас синоќа упати силно предуредување до Американците за тоа што, според него, ќе се случи со САД ако републиканците ја изгубат контролата врз Конгресот на претстојните среднорочни избори на 3 ноември.
– Ако изгубиме, ќе ја изгубите границата. Ќе изгубите намалување на даноците. Ќе ја изгубите безбедноста. Ќе изгубите богатство. Нашата земја ќе помине низ пекол. Ќе поминете низ пекол, исто како пред две години – рече Трамп.
Тој повтори дека пред неговото враќање на власт САД биле предмет на потсмев во светот, додека сега, како што рече, никој повеќе не ѝ се смее на Америка.
Трамп ги претстави среднорочните избори во САД како своевиден референдум за неговата политика.
– Преправајте се дека сум на гласачкото ливче. Јас сум на гласачкото ливче. Само овој пат – рече тој.
Трамп порача дека републиканците мора да го променат моделот според кој партијата на претседателот честопати бележи слаби резултати на среднорочните избори. Рече дека „нема причина“ за тоа ако претседателот добро ја врши работата.
Тој најави дека лично ќе се приклучи на кампањата и ќе патува низ федералните држави каде што трките за Сенатот и Претставничкиот дом се неизвесни. Тој рече дека има околу 35 такви трки и дека ќе оди во секоја од нив, а во некои држави дури и двапати, како, на пример, во Тексас.
Трамп рече дека за помалку од две години повеќе од 20 милијарди долари инвестиции од странство пристигнале во Америка и дека оваа сума би можела да порасне дури и на 25 милијарди долари до крајот на две полни години мандат. Според него, првите две години од неговиот тековен мандат се „најуспешните две години во историјата на претседателството, финансиски и во други области“.
– Јас сум оној што го започна тоа. Јас сум тој – рече Трамп.
Ги обвини демократите дека им нудат на Американците „неуспешна, крајно левичарска агенда“ и ја опиша администрацијата на Џо Бајден како „четири години катастрофа, хаос и смрт“.
Голем дел од говорот на Трамп беше посветен на имиграцијата и границата со Мексико. Рече дека повеќе од 1.400 милји ѕид се изградени по границата и дека затоа резултатите во борбата против нелегалната имиграција сега се „најдобри досега“. Го повтори тврдењето дека 25 милиони луѓе влегле во земјата под Бајден, како и дека ниту еден нелегален мигрант не влегол на јужната граница во последните 16 месеци.
Во својот говор Трамп зборуваше за „радикалната левица“, „комунистите“ и „лажните медиуми“, тврдејќи дека тие би направиле сè за да ги сопрат републиканците.
– Ќе го победиме комунизмот во Америка и ќе гласаме за американска слобода – рече тој.
Во говорот Трамп ја бранеше војната на САД против Иран.
Зборувајќи за тоа зошто верува дека Иран не смее да развива нуклеарно оружје, Трамп направи многу отворена споредба помеѓу ставот кон нуклеарно вооружена и ненуклеарна држава.
– Доколку тие имаа нуклеарно оружје, би го повикал Врховниот лидер и би рекол: „Господине Врховен лидере, како сте? Дали има нешто што можеме да направиме за вас“, наместо да ги бомбардирам до смрт. Не можеме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. Многу е едноставно – рече Трамп.
Tagged as:
Трамп со жесток вовед во ноемвриските избори во САД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
