Сидни Свини повторно предизвика внимание со провокативна рекламна кампања, овојпат за американската платформа за спортски предвидувања „Новиг“.
Во едноминутната реклама 28-годишната актерка се појавува речиси целосно гола, додека во различни сцени користи спортски реквизити за да го покрие телото. Тука се фудбалски топки, кошаркарска опрема, хокеарска маска и други реквизити, а во една сцена таа лежи и на маса за билијард.
Целата кампања е изградена околу пораката „Novig is Just Sports“, односно дека платформата се фокусира исклучиво на спортски настани. Во рекламата Свини директно нагласува дека нема предвидувања за политика, војни или смрт.
Но, актерката во проектот нема само улога пред камера. Таа стана и стратешки партнер на „Новиг“ и има удел во компанијата. Идејата за рекламата била замислена како нешто разиграно и намерно претерано и таа била вклучена во нејзиното создавање.
Свини за „Комплекс“ открила и дека спортот не ѝ е туѓ. Како девојка играла фудбал и софтбол, а тренирала и мешани боречки вештини. Денес особено сака да гледа хокеј и бокс, а интересот за боксот дополнително ѝ пораснал откако ја играше легендарната боксерка Кристи Мартин во филмот од 2025 година.
Новата кампања доаѓа по серијата провокативни јавни појавувања и рекламни проекти на Свини. Актерката неодамна привлече огромно внимание и со кампањата за „American Eagle“, а паралелно ја развива и својата линија долна облека „Сирн“.
Рекламата за „Новиг“ веќе предизвика големо внимание на социјалните мрежи. За само 12 часа видеото собра околу 72.000 прегледи на Јутјуб, додека на „Икс“ достигна повеќе од три милиони прегледи. Поради правилата на платформите, рекламата не била објавена на Инстаграм и ТикТок.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
