Background

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“!

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“!
Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“.
Секој што е за Европа 🇪🇺, демократија, слобода на говор и подобар стандард – за Мицкоски е талог.
Фашистички методи на Ванчо Михајлов во 21 век. Сè е копи-пејст од менторот Вучиќ.
📺 Сега, кога својата ВМРО-Орбан мрежа од 40 % од медиумите ја засили со „Ало групата“ и лиценцата за „Euronews“ од Вучиќ, ќе го преземе најголемиот дел од медиумското небо во Македонија.
Целта им е да го убедат народот дека тие се елита.
Исто како елитата на СНС.
Надменоста и ароганцијата се одлики на оваа „елита“.
❌ Нема одговори на прашања – има само навреди. Се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост.
Оваа криминална ВМРО-елита, по углед на елитата од криминалната организација на Вучиќ, Балканскиот картел, чии членови се луѓето од групата на Мицкоски, ги прави истите работи.
💰 Елита што ќе ужива во луксуз, полнејќи ги своите џебови со народни пари.
Тендер-патриоти со бугарски државјанства и фирми. Дури и промоцијата им ја работи бугарска фирма.
Повеќе ниту се кријат.
За поголема минимална плата – ниту збор.
За мерки што ќе им помогнат на граѓаните поради скапотијата – ниту збор.
За законот за двојно државјанство на државните функционери – ниту збор.
За реформи – ниту збор.
🤥 Истата оваа криминална екипа дојде на власт со лаги и ветувања пласирани преку своите медиуми – исто како што ги учел менторот Вучиќ.
Ја изолираа земјата од Европа 🇪🇺 за да ограбуваат непречено. Знаат дека Европа носи независно судство и европско обвинителство.
Го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид, во земја што има меѓуетничка кохезија.
✈️ Уште само на Мицкоски да му стигне новиот авион – за целосно да биде „вистинска елита“.
Ова е отворено презирање на сопствениот народ.
Кампања на поделби и омраза според најмрачните модели.
✊ Граѓаните не се талог.
🇲🇰 Граѓаните се сопственици на оваа држава.
А „елитата“ со часовници од 60.000 евра, скапи одела и апетити за авиони – местото ѝ е да одговара пред народот и пред правдата. На таа елита местото ѝ е во Шутка и во Идризово.
✊ Ќе победи народот.
Граѓаните на Македонија ќе ја вратат власта во свои раце, а потоа оваа елита ќе одговара.
Еден побегна. Овие нема да побегнат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation