Background

Државата им дава нов рок на граѓаните кои користат државен или општествен стан да го откупат, да го пренесат од починат родител или да го земат под закуп

Државата им дава нов рок на граѓаните кои користат државен или општествен стан да го откупат, да го пренесат од починат родител или да го земат под закуп. Доколку не поднесат барање и не потпишат нов договор по рокот ќе треба да го напуштат станот. Ова го предвидуваат измените на Законот за домување, кои се доставени до Собранието и за кои се предлага да се донесат по скратена постапка.

Рокот за поднесување на барање е 31 декември 2027 година.

Право да поднесат барање за докуп на станот, промена на сопственоста, како и за закуп имаат граѓаните кои живеат во објекти доделени од државата по разни основи, како што се експропријација на имот, уривање на станбени згради или поради тоа што нивните претходни домови биле руинирани и склони кон паѓање. Тие треба да имаат договор за времено користење на станот потпишан пред 16 мај 1998 година. Тие ќе можат да поднесат барање за откуп на станот, да го пренесат правот на користење или да побараат да го земат станот под закуп.

- Advertisement -
Ad image

Со овие измени на законот се опфатени и корисниците на општествени станови кои не поднеле барање за откуп или закуп на станот до 31 декември 2024 година.

Новина која ја носат овие измени на законот е тоа што корисниците на државни и општествени станови се категоризираат според нивните материјални можности, односно според остварените приходи во нивното заедничко домаќинство.

Тие се поделени во 4 групи – лица во социјален ризик, односно лицата кои примаат социјална помош или постојана парична помош, лица со ниски приходи – чијшто вкупен приход во заедничкото домаќинство е максимум една и пол просечна нето-плата (според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика), лица со просечни приходи – со вкупен приход во заедничкото домаќинство кој изнесува меѓу една и пол просечна нето-плата и две и пол просечни нето плати и лица со високи приходи – со вкупен приход во заедничкото домаќинство кој изнесува над две и пол просечни нето-плати.

Оваа поделба директно го диктира и начинот на кој тие ќе го решаваат своето станбено прашање.

Граѓаните кои спаѓаат во категоријата на лица во социјален ризик ќе можат да поднесат барање само за закуп на станот, додека останатите три категории имаат право на закуп и на откуп на станот.

Измените овозможуваат и лицата кои првично ќе склучат договори за закуп со надлежното правно лице, подоцна да поднесат барање и за целосен откуп на станот, со што трајно се заокружува процесот на приватизација на овој станбен фонд.

Предлог-законот опфаќа и специфични случаи на граѓани кои поседуваат акти или договори за времено користење издадени пред 16 мај 1998 година. На овие лица исто така им се овозможува да го остварат правото на откуп или закуп на станот.

Граѓаните кои користат општествени или државни станови по разни основи кои нема да поднесат никакво барање до надлежните органи до 31 декември 2027 година, прво ќе бидат потсетени дека треба да го решат статусот, а потоа ќе бидат иселени.

„Лицето кое нема да поднесе барање до 31 декември 2027 година, а истото користи стан кој се води во единствената евиденција на станбениот простор, правното лице писмено ќе го извести дека е должно заклучно со 31 март 2028 година да поднесе барање за закуп на стан или барање за откуп на стан. Доколку лицето не поднесе барање по истекот на овој рок истото ќе биде присилно иселено“, пишува во предложените измени на законот.

За да не се случи да бидат иселени лица кои веќе поднеле барање за решавање на статусот на станот, органот надлежен за вршење на работите од станбено-комуналната област кај кој се поднесуваат барањата, ќе го извести АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор за лицата кои поднеле барање до 31 декември 2027 година.

Законот ги уредува и критериумите и документите кои треба да ги поднесат корисниците на становите и роковите од кои треба да бидат комплетирана документацијата, како и утврдувањето на износот за докуп на станот и износот на закупнината.

Така примателите на социјална или парична помош нема да плаќаат закупнина додека се корисници на овие права. Останатите лица кои ќе го остварат правото на закуп ќе плаќаат закуп во висина од 25 денари по квадратен метар до 190 денари по квадратен метар, зависно од нивниот семеен приход.

Законот предвидува лицата кои имаат заостанат долг за закупнини да го платат долгот пред да потпишат нов договор за закуп или откуп на станот.

Лицата кои го оствариле правото на закуп на станот ќе треба во рок од 15 дена да потпишат договор за закуп, а ако не го сторат тоа ќе треба да го напуштат станот.

Оние пак кои ќе потпишат договор за откуп на станот зависно од категоризацијата според остварените приходи ќе треба да платат минимално учество од 5% до 30% од вкупната вредност на станот, со рок на отплата за сите од максимум 30 години и фиксна каматна стапка од 4% на годишно ниво.

Вредноста на станот се определува согласно со Уредбата за методологија за утврдување на вредноста на станот.

Средствата остварени од продажбата на становите согласно со одредбите на овој член ќе се уплаќаат на посебна наменска сметка, која за оваа намена ќе ја отвори АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, а парите од оваа сметка ќе бидат наменети исклучиво за изградба на нови станови во државна сопственост.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation