Background

Карди Би во смел комбинезон го откри новиот накит од 15.000 долари

Американската раперка Cardi B повторно успеа да привлече внимание со својот изглед. Таа на социјалните мрежи објави видео во кое позира во бел тесен комбинезон, кој од предната страна изгледа релативно едноставно, но одзади открива речиси сè.

Комбинезонот е речиси целосно отворен по должината на грбот, задникот и нозете, а го држат само неколку тенки бели врвки. Така во преден план се најдоа нејзините тетоважи, но и еден многу поскап детаљ – пирсингот поставен над задникот.

Таа во објавата на Инстаграм откри дека новиот пирсинг го платила 15.000 долари. Во видеото објавено на 7 септември ја пее својата песна „AH HA“, а потоа го соблекува белиот крзнен капут и го покажува смелиот комбинезон. Во описот на објавата, во свој стил напиша дека пирсингот од 15.000 долари е на нејзиниот задник во случај некој да треба нешто да бакне.

- Advertisement -
Ad image

Но, ова не е првпат Cardi B да има ваков необичен украс. Таа првпат го покажа дијамантскиот пирсинг во јануари 2025 година, а подоцна во интервјуто за подкастот „Call Her Daddy“ откри дека за него платила 13.000 долари. Тогаш објасни и дека самото ставање не ја болело бидејќи местото било без осетливост по претходна операција на задникот.

Скапоцениот накит, сепак, не траел долго. Раперката раскажа дека по околу еден месец сфатила дека дијамантот исчезнал, а потоа заклучила дека паднал во тоалетот. Очигледно, сега решила да го замени со нова верзија, која според нејзината актуелна објава вреди уште повеќе.

Карди го покажа изгледот и во живо, на 6 септември, кога му се придружи на Дон Толивер на неговиот концерт во Barclays Center во Бруклин. На сцената прво се појави завиткана во предимензиониран бел крзнен капут, а потоа го соблече и го откри провокативниот комбинезон.

Нејзиниот изглед предизвика внимание и поради долгата црна коса собрана во висока опашка, впечатливите нокти и белата Hermès Birkin чанта.

Инаку, раперката е мајка на четири деца. Со поранешниот сопруг, раперот Offset, ги има осумгодишната ќерка Kulture, петгодишниот син Wave и двегодишната ќерка Blossom, додека најмалото дете, син, го доби во ноември 2025 година со американскиот НФЛ-играч Stefon Diggs. Името на најмалиот син досега не е јавно објавено.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation