Background

Страсните сцени пред камерите ја разбудиле меѓу нив хемијата која трае и денес!

На премиерата на филмот „Bunker“ на 83. Венециски филмски фестивал блеснаа главните ѕвезди, шпанските актери Пенелопе Круз и Хавиер Бардем.

Меѓу сопружниците, кои се партнери и приватно и деловно, на црвениот тепих „фрчеа искри“, а со своите нежни гестови јасно покажаа дека и по години заеднички живот се подеднакво вљубени.

Нивната љубовна приказна е една од оние што не се случиле преку ноќ. Круз и Бардем се запознале уште во 1992 година, повеќе од една деценија пред да станат пар.

- Advertisement -
Ad image

Ги спои филмот „Шунка, шунка“ на режисерот Бигас Луна, еден од првите големи проекти во нивните кариери. Пенелопе тогаш била тинејџерка на почетокот од актерскиот пат, додека Хавиер бил во раните дваесетти години.

Хемијата меѓу нив постоела уште тогаш, што Бардем години подоцна и самиот го призна. Потсетувајќи се на нивната прва средба, рече дека уште на пробата на костимите се случило нешто што не можел рационално да го објасни. Сепак, и двајцата тогаш имале различни животи и цели, па не дошло до љубовна приказна. Наместо тоа, изградиле однос заснован на пријателство и меѓусебна почит, а нивните кариери во следните години се развивале одделно.

Повторно се сретнаа во филмот на Педро Алмодовар „Живо месо“ од 1997 година, иако немаа значаен заеднички простор на екранот. Вистинскиот пресврт дојде една деценија подоцна.

Во 2007 година повторно застанаа пред камерите за филмот на Вуди Ален „Vicky Cristina Barcelona“. Токму во тој период пријателството почнало да прераснува во нешто повеќе.

Бардем во филмот го глуми Хуан Антонио, додека Круз ја толкува неговата темпераментна поранешна сопруга Марија Елена. Нивната хемија е еден од највпечатливите делови од филмот, а Пенелопе подоцна за оваа улога го освои и својот прв „Оскар“.

Овојпат она што се случуваше пред камерите не остана само на филмот. Почнаа да се појавуваат написи дека Пенелопе и Хавиер се заедно, а во октомври 2007 година беа фотографирани за време на заеднички одмор на Малдивите. Тоа беше првиот сериозен знак дека меѓу долгогодишните пријатели се родила љубов.

Сепак, својата врска уште од самиот почеток ја чуваат подалеку од јавноста.

Иако двајцата веќе беа меѓународни филмски ѕвезди, Пенелопе и Хавиер не ја претворија својата врска во јавен спектакл.

Долго време не позираа како пар на црвените теписи, ниту во интервјуата зборуваа за приватниот живот. Пенелопе години подоцна објасни дека многу рано донеле одлука деталите од нивната врска да не ги споделуваат со јавноста и тоа се покажало како добра одлука.

Нивната свршувачка исто така никогаш не беше претворена во голем медиумски настан. Во октомври 2009 година се појави веста дека се свршиле, а извор тогаш тврдеше дека сè се обидувале да задржат што е можно поприватно.

Дури во февруари 2010 година заедно се појавија на доделувањето на наградите „Гоја“ во Мадрид, што се смета за нивното прво официјално јавно појавување како пар.

Неколку месеци подоцна, Бардем направи нешто што не беше вообичаено за него – јавно проговори за Пенелопе.

Кога на Филмскиот фестивал во Кан ја освои наградата за најдобар актер за „Biutiful“, својата среќа ѝ ја посвети на „пријателката, партнерката и љубовта“ Пенелопе и пред сите ѝ кажа дека ја сака.

Само неколку недели подоцна стигна нова голема вест – се венчаа во јули 2010 година на Бахамите. Немаше спектакуларна холивудска свадба, ниту парада на славни гости. Церемонијата се одржала во домот на нивен пријател, а присуствувале само членовите на семејството.

Приватноста што толку ја чуваа за време на врската продолжија да ја штитат и по венчавката.

Веќе во јануари 2011 година станаа родители на синот Лео, кој е роден во Лос Анџелес. Две и пол години подоцна, во јули 2013 година, ја добија и ќерката Луна, родена во Мадрид.

Децата од самиот почеток останаа надвор од нивниот јавен живот. Круз и Бардем ретко зборуваат за нив, а речиси никогаш не ги изложуваат пред фотографите и на социјалните мрежи.

Интересно е што бракот не значеше и крај на нивните заеднички проекти. По „Шунка, шунка“ и „Vicky Cristina Barcelona“, заедно се појавија во филмови како „The Counselor“, „Loving Pablo“ и „Everybody Knows“. Сега повторно се заедно пред камерите во филмот „Bunker“, кој ги донесе на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал.

 

Бардем претходно објасни дека заедничката работа не им претставува проблем бидејќи многу јасно ја одделуваат фикцијата од реалниот живот. По снимањето, како што вели, се враќаат во секојдневието, кое им е поинтересно од кој било филм.

Со текот на времето, семејството им станало и главен приоритет. Бардем зборува дека и двајцата се промениле откако добиле деца и дека количината на работа што ја прифаќаат ја приспособуваат на потребите на другиот и на семејството.

Уште еден посебен момент во нивните кариери се случи во 2022 година. Двајцата истата година беа номинирани за „Оскар“ – Пенелопе за главна женска улога во филмот „Parallel Mothers“, а Хавиер за главна машка улога во „Being the Ricardos“. Со тоа се најдоа меѓу ретките брачни парови кои во иста година биле номинирани за актерски „Оскар“.

И покрај светската слава, „Оскарите“ и децениите поминати пред камерите, нивната приватност остана една од константите на нивниот однос.

Пенелопе неодамна откри дека токму долгогодишното познанство со Хавиер е една од најубавите работи во нивниот брак. Иако се познаваат повеќе од три децении, вели дека сè уште има чувство дека за него открива нешто ново.

Нивното појавување во Венеција само повторно потсети на необичниот пат што го поминаа заедно. Се запознале како многу млади актери во 1992 година, повеќе од 15 години подоцна пријателството го претвориле во љубов, а денес зад себе имаат 16 години брак, две деца и низа заеднички филмови.

Во светот во кој љубовите на славните често траат пократко од нивните филмски проекти, Пенелопе Круз и Хавиер Бардем успеаја да го направат токму спротивното – да изградат еден од најдискретните и најстабилните бракови меѓу големите филмски ѕвезди.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation