Background

Германија ќе ѝ даде ракети „Патриот“ од државните резерви

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен да ја зголемат поддршката за земјата во нејзината борба против Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на видеоконференцијата на министрите за одбрана на земјите што ја поддржуваат Украина.

– Земјите мора да копаат подлабоко, ние немаме избор. Нашата колективна поддршка ќе ѝ овозможи на Украина да ги искористи можностите што сега ги создава на сите фронтови и да се брани од воздушните закани – истакна Руте.

Претходно денеска некои агенции јавија дека повеќе европски земји планираат да купат американски ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ и да ѝ ги предадат на Украина, за да се зајакне украинската одбрана од руските напади во претстојните зимски месеци.

- Advertisement -
Ad image

Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, денеска најави дека Германија ќе ѝ испорача на Украина ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ од своите државни резерви.

Велика Британија најави дека ќе донира 100 милиони фунти во програмата PURL, но не беше прецизирано колку од тоа ќе биде издвоено за ракетите „Патриот“.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска рече дека Украина ќе може да набави клучни компоненти за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ преку следната исплата од 3,2 милијарди евра од заемот на ЕУ за поддршка на земјата.

– Заедно со генералниот секретар на НАТО, Руте, ја поздравувам одлуката на државите членки да ѝ овозможат на Украина исклучок кој ќе ѝ дозволи да купува клучни компоненти за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ – изјави Фон дер Лајен.

Заемот на ЕУ за поддршка на Украина е во вкупна вредност од 90 милијарди евра за 2026 и за 2027 година, од кои околу 60 милијарди евра се предвидени за воени потреби, а 30 милијарди за буџетска поддршка. Според правилата на механизмот, средствата за одбрана во принцип мора да се користат за набавки од украинската и европската одбранбена индустрија, при што за итни потреби може да се дозволат исклучоци.

Таквиот исклучок е неопходен за американските системи „Патриот“, кои се меѓу главните средства на Украина за заштита од руски ракети и авиони. Според податоците на НАТО, во последната година околу 75 проценти од ракетите за „Патриот“ доставени во Украина се обезбедени преку иницијативата PURL за купување американско вооружување со финансирање од сојузниците.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation