Државјанин на Македонија (61) бил уапсен и притворен пред неколку дена во Загреб, под сомнение под сомнение за сексуална злоупотреба на дете за време меѓународен лет, пишуваат хрватските медиуми.
Петнаесетгодишно девојче го пријавило инцидентот на пилотите, по што полицијата интервенирала веднаш по слетувањето на авионот.
Девојчето, кое патувало само, ја повикало стјуардесата и ја замолило да погледне нешто на нејзиниот мобилен телефон. На екранот пишувало: „Многу се плашам од овој човек, можете ли некако да ми помогнете“. Стјуардесата реагирала мирно и, под изговор да ѝ покаже на девојката каде е тоалетот, ја однела на безбедно место во пилотската кабина.
Таму, девојчето му кажала на екипажот дека постар маж кој седи на седиштето до нејзиното почнал да ги допира нејзините гениталии уште додека биле на пистата, за време на подготовките за полетување. Во исто време, како што изјавила таа, се преправал дека ѝ помага да го врзе безбедносниот појас.
Екипажот веднаш ја известил контролната кула на аеродромот во Загреб. На аеродромот „Фрањо Туѓман“, 61-годишниот патник бил пречекан од полицијата. Разговорот со полицијата резултирал со кривична истрага, по што мажот бил однесен во Општинската канцеларија на државниот обвинител.
За време на сослушувањето осомничениот ги негирал обвинувањата за злоставување. Тој изјавил дека не го допрел девојчето, туку само ѝ ставил ремен. Истражниот судија му изрекол притвор
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
