Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ вчера се урна на аеродромот во Мајами, соопштија американските власти.
Уште пет лица се повредени и хоспитализирани, соопштија властите на округот Мајами-Дејд на прес-конференција.
Авионот излетал од пистата по слетувањето на Меѓународниот аеродром во Мајами по летот од Порторико, соопшти Американската федерална управа за авијација (ФАА).
Портпаролката на „Амазон“, Кели Нантел, изјави дека компанијата е со скршено срце поради смртните случаи.
„Нашето најдлабоко сочувство оди до семејствата, саканите и сите погодени од оваа разорна загуба“, напиша таа на социјалните мрежи.
– Авионот, со кој управуваше компанијата „21 Ер“ (21 Air), се обидуваше да слета кога се случи инцидентот. Тесно соработуваме со локалните власти и официјалните претставници за да дознаеме повеќе и целосно ќе соработуваме во секоја истрага – изјави таа.
Противпожарната и спасувачка служба на Мајами-Дејд соопшти дека повеќе од 60 единици интервенирале по инцидентот, кој се случил околу 14:00 часот по локално време.
Авионот исто така удрил во неколку возила, се додава во соопштението.
Националниот одбор за безбедност во сообраќајот соопшти дека ќе испрати тим во Мајами за да го истражи инцидентот.
Tagged as:
Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ вчера се урна на аеродромот во Мајами
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
