Background

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис објави четиригодишен план во кој ветува „скок на благосостојбата за сите“

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис објави четиригодишен план во кој ветува „скок на благосостојбата за сите“, Основа на планот се намалување на даноците и зголемување на минималната плата.

Ова се толкува за во обид на Мицотакис да го запре падот на поддршката за неговата партија пред парламентарните избори во 2027 година.

Во планот се најавува намалување на даноците за земјоделците, самовработените, пензионерите и за  вработените во јавниот сектор, како и постепено зголемување на минималната плата на 1.000 евра до 2028 година.

- Advertisement -
Ad image

Мицотакис стави посебен акцент на земјоделците, кои се силно погодени од доцнење на плаќањата по неодамнешниот скандал поврзан со субвенциите од Европската Унија. Мицотакис најави укинување на даноците за граѓаните со годишен приход помал од 20.000 евра, додека на сточарите им вети сеопфатна рамка за долгорочна заштита од болести кај животните.

Грчкиот премиер, исто така, најави воведување на штедни сметки со фиксен рок за секое новородено дете.

Редовните парламентарни избори во Грција треба да се одржат во 2027 година, иако постојат шпекулации за можноста за предвремени избори веќе оваа година.

Според најновите анкети на јавното мислење, на владејачката партија Нова демократија ќе ѝ биде тешко да обезбеди апсолутно мнозинство и да формира еднопартиска влада, поради што одржувањето на втор круг избори е веројатна можност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation