Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност нѐ очекува во текот на петок, според прогнозата на УХМР.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 12 степени во Берово до 19 степени во Гевгелија, додека дневните максимални температури ќе бидат во интервал од 26 степени во Маврово до 33 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурата во главниот град ќе се движи од 18 до 33 степени Целзиусови.
Топлото време ќе продолжи и во текот на викендот.
Во сабота се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 29 до 36 степени.
Во недела времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе бидат од 11 до 20 степени, а дневните максимални ќе се движат од 28 до 37 степени.
Според прогнозата, најтопло ќе биде во недела, кога температурите на места може да достигнат до 37 степени Целзиусови.
Tagged as:
СОНЦЕ И 33 СТЕПЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
