Околу 2.000 ученици и наставници во Индонезија во последните три дена пријавиле симптоми на труење со храна, откако консумирале оброци обезбедени со државната програма за бесплатна училишна исхрана.
Во последниот случај, 777 ученици и наставници се разболеле после оброкот во средата во средно училиште во Ласем, во провинцијата Централна Јава. Повеќето добиле дијареја што предизвикало проблем во тоалетите во објектот, поради што наставата била прекината. Дома биле испратени речиси 1.200 ученици и 95 вработени, додека неколку лица биле пренесени во болница.
Директорката на училиштето изјавила дека трошоците за лекувањето ќе ги покрие државата, како и дека локалниот дистрибутер на храна дошол во училиштето за да ја преземе одговорноста.
Сомнеж за масовно труење се појавил и еден ден претходно, откако 730 лица се разболеле по консумирањето оброци обезбедена преку програмата за бесплатна храна во исламски интернат во Сидоаржо, во провинцијата Источна Јава, соопшти локален здравствен претставник.
Локалните власти ги истражуваат причините за сомнителните случаи на труење, а примероци од храната се испратени на анализа за да се утврди дали дошло до контаминација.
Директорот на Националната агенција за исхрана на Индонезија изјави дека доколку се утврди небрежност и постоење елементи на кривично дело, одговорните ќе мора да ги сносат последиците.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
