Оливија Вајлд предизвика бројни реакции со своите ставови за ботоксот, филерите и притисокот врз актерките во Холивуд да изгледаат младолико. Актерката и режисерка отворено зборуваше за темата во подкастот „The Run-Through with Vogue“, каде што откри дека како режисерка сè почесто се соочува со необичен проблем при изборот на актерки.
– Интересно е бидејќи како режисерка сега постојано барам актерки кои сè уште можат да го движат лицето. И не е лесно – рекла Вајлд.
Таа веднаш додала дека не ги обвинува актерките за изборот да користат естетски третмани. Според неа, проблемот е многу поширок и произлегува од притисокот што го создава филмската индустрија врз жените.
– И јас сум производ на истата машина. Под истите притисоци сум. Ги разбирам – рече Вајлд.
Таа изрази надеж дека во иднина ќе постојат поблаги третмани кои нема толку да влијаат врз природната мимика.
– Само се молам технологијата да овозможи третмани кои не се толку агресивни. Има нешто средновековно во многу од овие работи. Зарем никој не може да смисли нешто подобро од ботоксот, нешто поради што нема да поминуваме низ сето ова? Затоа што повеќе би сакала да го користам тоа – вели таа.
Вајлд ја спомена и актерката Оливија Колман, која претходно отворено зборуваше за користењето ботокс.
– Се сеќавам кога ја слушнав Оливија Колман како вели: ‘Го сакам ботоксот’, и си помислив: ‘Баш е кул’. Ако таа го сака ботоксот, тогаш тоа е сосема во ред – рече Вајлд.
Според неа, за актерите проблемот е во тоа што лицето е нивното „средство за работа“, па мораат да можат да го користат за изразување емоции, додека истовремено од нив се очекува на црвениот тепих да изгледаат што помладо.
– Проблемот за актерите е што лицето е вашата алатка. Мора да можете да го користите, а потоа треба да излезете на црвениот тепих – објасни таа.
Вајлд откри дека и самата почувствувала колку сурови можат да бидат коментарите за изгледот.
– Имав моменти кога луѓето велеа: ‘Изгледа старо, мртво и ужасно’. И тогаш си помислуваш: ‘По ѓаволите! Победивте!’ Невозможно е да им угодиш на сите – рече таа.
Нејзините изјави предизвикаа многу реакции. Дел од јавноста ја пофали Вајлд што зборува за притисокот врз актерките, но други сметаа дека го промашила главниот проблем, односно, тоа што наместо промена на стандардите за убавина во Холивуд, предлага развој на поблаги естетски третмани.
– Мислев дека го прозива Холивуд за дискриминацијата врз жените поради возраста, а наместо тоа предложи поблага верзија на ботокс – напиша еден корисник на X.
Друг ѝ порача дека можеби решението е да престанат да се поддржуваат нереалните стандарди за убавина поради кои жените, но и мажите, чувствуваат дека мораат да вбризгуваат разни супстанции во лицето и телото.
Некои корисници ѝ порачаа дека наместо да бара „подобра верзија на ботокс“, да им даде повеќе шанси на помалку познати актерки кои немаат естетски интервенции.
Сепак, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана. Тие сметаат дека Вајлд не ги оправдува стандардите на Холивуд, туку само реално го опишува притисокот со кој се соочуваат актерките – особено затоа што природното стареење во индустријата може да значи помалку улоги и внимание.
Tagged as:
ОЛИВИЈА ВАЈЛД СЕ ПОЖАЛИ ДЕКА ТЕШКО НАОЃА АКТЕРКИ КОИ МОЖАТ ДА ПРАВАТ МИМИКИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
