Дурмиши: Со финансиска поддршка ги поттикнуваме инвестициите и конкурентноста на домашните компании
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ги посети компаниите „Виталиа Никола“, „Полијестердеј“ и „ББ Континентал метал“, корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Посетата е дел од активностите на Министерството за економија и труд за следење на реализацијата на инвестициите и директна комуникација со компаниите кои ја користат државната поддршка за развој и унапредување на своето работење.
„Законот за финансиска поддршка на инвестициите е еден од клучните инструменти преку кои државата ги поддржува компаниите кои инвестираат, ја зголемуваат продуктивноста и конкурентноста и создаваат нови работни места. Нашата цел е јавната поддршка да има конкретен и мерлив ефект врз економијата – преку поголемо производство, нови технологии, зголемен извоз и подобри работни места“, истакна министерот Дурмиши.