Корисниците во Канада сè уште ќе го гледаат името Езеро Онтарио, додека на корисниците во остатокот од светот ќе им бидат прикажани двете имиња.
Компанијата Епл (Apple) го промени името на езерото Онтарио во „Езеро Америка“ (Lake America) на веб-верзијата на својата апликација Епл Мапс (Apple Maps) за американските корисници, по извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на езерото.
Епл потврди дека корисниците во САД ќе го гледаат новото име откако езерото беше преименувано во американскиот Географски информациски систем за географски имиња (GNIS), објавија британските медиуми.
Корисниците во Канада сè уште ќе го гледаат името Езеро Онтарио, додека на корисниците во остатокот од светот ќе им бидат прикажани двете имиња.
Епл го следеше примерот на Гугл (Google), кој во саботата го промени името на езерото на Гугл Мапс за американските корисници.
Извршната наредба на Трамп се однесува на употребата на името на езерото во рамките на американските федерални институции и не ги обврзува Канада, меѓународните организации или другите институции да го прифатат новото име.
Канадскиот премиер Марк Карни и гувернерката на Њујорк, Кети Хокул, по одлуката на Трамп изјавија дека нема да го користат новото име за езерото, кое се користи повеќе од 400 години.
Околу 52 проценти од површината на езерото Онтарио, едно од петте Големи езера во Северна Америка, се наоѓа во Канада, а остатокот ѝ припаѓа на американската држава Њујорк.
Во јануари 2025 година, Трамп нареди и преименување на Мексиканскиот Залив во „Американски Залив“, по што Епл и Гугл го сменија името на своите мапи за корисниците во САД.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
