Background

ФОЛКСВАГЕН ИСПАЃА ОД ЕВРОПСКИОТ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКС ЕУРО СТОКС 50

Германската автомобилска  компанија „Фолксваген“ наскоро ќе се повлече од клучниот европски берзански индекс Еуро Стокс 50, бидејќи нејзините акции паднаа за повеќе од 25% од почетокот на годината.

Промената стапува на сила на 21 септември, а „Фолксваген“ ќе му го отстапи местото на францускиот енергетски гигант „Енџи“.

Дополнително, дел од индексот „Еуро Стокс 50“ од споменатиот датум ќе биде и финската „Нокиа“, на сметка на холандската софтверска компанија „Волтерс Клувер“ (Wolters Kluwer).

Германија го губи влијанието врз индексот Еуро Стокс 50, но индексот станува постабилен

- Advertisement -
Ad image

Излегувањето на „Фолксваген“ од Еуро Стокс 50 е важно и поради инвестициските фондови кои пасивно го следат тој индекс.

Тие ќе мора да ги продадат акциите на „Фолксваген“ и да го пренасочат капиталот кон компаниите вклучени во индексот, што може дополнително да влијае на движењето на акциите на германската фирма.

Излегувањето на Фолксваген има неколку директни импликации за самиот индекс Евро Стокс 50 (Euro Stoxx 50) ќе значи и промена на секторската рамнотежа. Влијанието и тежината на автомобилската индустрија во индексот се намалуваат, што ја рефлектира моменталната криза во овој сектор во Европа. Но ќе значи постабилен индекс за инвститорите бидејќи  акциите на Фолксваген во изминатиот период беа подложен на огромни падови и потреси поради лошите вести (затворање фабрики, штрајкови). Дополнително тоа ќе биде негативно са Германија која ќе го изгуби влијанието во индексот.

Флксваген ја губи лидерската позиција и престижот

Излегувањето на Фолксваген од индексот Евро Стокс 50 (Euro Stoxx 50) претставува сериозен финансиски и престижен удар за компанијата. Тоа директно ќе влијае на продажбата на акциите и нивната цена нидејќи големите инвестициски фондови (ETF) кои пасивно го следат индексот Евро Стокс 50 се законски обврзани веднаш да ги продадат акциите на Фолксваген за да го усогласат своето портфолио. Акциите на компанијата исто така ќе станат помалку привлечни за институционалните инвеститори (пензиски фондови, осигурителни куќи), што го намалува дневниот волумен на тргување.
Евро Стокс 50 ги обединува 50-те највредни и најстабилни компании во еврозоната. Излегувањето од овој „крем“ е сигнал до пазарот дека Фолксваген ја губи својата позиција на глобален индустриски лидер. Намалениот рејтинг на берзата може да го зголеми трошокот за издавање нови обврзници или земање кредити, бидејќи кредиторите ќе го гледаат Фолксваген како поризична компанија.

Автомобилскиот гигант е веќе во проблеми

„Фолксваген“ се обидува да ги намали трошоците и бројот на вработени, но менаџментот смета дека сегашните мерки не се доволни за долгорочен пресврт.

Германските медиуми објавуваат дека Надзорниот одбор на „Фолксваген“ би можел да разгледа радикални чекори за реструктуирање на производството оваа недела.

Меѓу можните сценарија е прекин на производството во германските фабрики во Емден, Цвикау и Хановер, како и во фабриката на Audi во Некарзулм.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation