Ново зголемување на платите на наставниците ќе има во март следната година и дека тоа е сигурно и во согласност со договореното со СОНК, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска.
- Во овој случај наставниците се безбедни, не треба да мислат на платите, платите ќе се покачуваат секоја година. Следната година во март повторно ќе бидат покачени платите на наставниците – рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.
Платите на наставниците во основното и средното образование се зголемуваат според потпишаните спогодби меѓу СОНК и Министерството за образование и наука која предвидува нивно зголемување за 46% во рок до 2028 година. Нивното зголемување почна со 5% во октомври 2024 година, потоа со 7% во март 2025 година , а годинава беа зголемени за 7,5%. За следните години е предвиден континуиран раст, во зависност од економските движења и инфлацијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
