Трагедијата со фериботот кај северен Кипар доби уште една потресна човечка приказна. Ајтен Бичер раскажа како 12-годишната ќерка ѝ се лизнала од рацете при превртувањето на бродот на 30 август. Девојчето и нејзиниот 6-годишен брат се меѓу 20-те исчезнати, а најмалку 8 лица загинаа.
– Таа (ќерката) велеше „Не ме пуштај“. И јас не ја пуштив ќерка ми. Се колнам, не ја пуштив – раскажа расплаканата мајка за Ројтерс.
Ајтен повторно успеала да ја фати ќерката, овојпат за стапалото. Но, обувките на девојчето биле прекриени со моторно масло од превртениот брод. Девојчето ѝ се лизнало низ рацете.
Мирај оттогаш се води како исчезната. Исчезнат е и нејзиниот 6-годишен брат Мехмет Асаф.
Мајката раскажала дека насекаде било лизгаво поради маслото и дизелот од бродот.
– Се лизгаше како масло, имаше дизел, нозете ни беа лизгави. Беше лизгаво насекаде. Беше како масло. Ми се лизна од рака – рече Бичер.
Последните моменти со нејзиниот син ги памети по неговиот обид да се задржи за татко му.
– Мехмет Асаф го држеше својот татко тука – рече таа, покажувајќи кон јаката од маицата.
Момчето викало „тато“.
Нејзиниот сопруг Хајри Бичер раскажал дека семејството немало време да реагира.
– Не можевме да интервенираме. Ги изгубивме нашите деца. Вложивме многу труд, но не можевме да ги спасиме нашите деца. Две од моите три деца ги нема – рече тој.
Семејството било на одмор на Кипар.
Фериботот со 267 патници се превртел кратко по испловувањето од Киренија кон турското пристаниште Ташуџу. Според поновите податоци на Ројтерс, најмалку 8 лица загинале. Бројот на исчезнати порасна на 20.
Преживеаните се држеле за превртениот труп на фериботот. Ги спасувале бродови што минувале во близина и крајбрежната стража.
Сведоци раскажале дека пловилото силно се нишало пред несреќата. При ударот во морската површина се отворил и дел од неговиот преден дел.
Силни бури го погодиле Кипар претходниот ден, а морето останало немирно.
Потрагата по исчезнатите се одвива во води длабоки повеќе од 500 метри. Лидерот на кипарските Турци, Туфан Ерхурман, најавил дополнителна помош од Турција за пребарување на морското дно.
– Интервенцијата на морското дно не е можна со ресурсите што ги имаме во моментов, но од утре таа интервенција ќе биде можна – рече Ерхурман.
Останува непознато дали некои од исчезнатите останале заробени во фериботот.
Снимки објавени на социјалните мрежи укажуваат дека при превртувањето сè уште имало луѓе во еден од одделите на бродот.
Девет лица поврзани со работењето на фериботот биле приведени во рамките на полициската истрага. Властите соопштиле дека бродот имал важечки сертификат за пловидба.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
