Background

Филипче: Дата центрите имаат нејонизирачко електромагнетно зрачење

Дата центрите имаат нејонизирачко електромагнетно зрачење, а нивното поставување отвора сериозни прашања за влијанието врз животната средина и условите за живот на граѓаните, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.
„Понатаму, што ќе се случи со буката во околината на поставувањето на тие дата центри? Една од причините зошто ги дислоцираат или не дозволуваат развиените земји и поставување на дата центри е тоа што има енормна, неподнослива бука. Понатаму има нејонизирачко електромагнетно зрачење околу. Кој ќе сака да живее во таква средина?“, потенцираше Филипче.
Претседателот Филипче посочи дека најавите за дата центрите се претставуваат како развој, но остануваат неодговорени низа конкретни прашања за нивното влијание и за тоа каква корист ќе имаат граѓаните.
„Тоа дека дата центрите се некој развој од којшто бенефит ќе видат граѓаните, е само уште еден спин и дефокус на Христијан Мицкоски. Каков бенефит ќе имаат граѓаните од дата центрите? Имаме ли ние доволен капацитет на струја за тие дата центри, таму каде што ќе се? Дали тоа ќе ја повлече целата струја од регионот, од местото во коешто дата центрите ќе бидат лоцирани? Што ќе се случи со цената на струјата, кога ќе има еден таков потрошувач на струја од соодветна околина?“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче посочи и на користењето на водните ресурси, влијанието врз реките и достапноста на вода за земјоделските површини.
„Што ќе се случи со топлата вода која ќе треба да се врати некаде? А која ќе се зема од реките? Ќе се уништи ли природниот свет во реките? Што ќе се случи со капацитетот на водата? Ќе има ли вода за наводнување на земјоделските површини? Тоа никој не го кажува. Понатаму, ќе има ли зголемена потреба за увозна струја? И да резимирам, лага е дека тоа е напредок на земјата. Напредок на земјата се добри економски политики, мерки за граѓаните, зголемување на платите, зголемување на минималната плата, мерки за граѓаните кога има криза, како сега што има со горивата поради војната во Блискиот Исток, добри пензии, не да ги крадат пензиите, со линеарно зголемување, понатаму реформи на системот и Европа. Нема друга формула за успех. Сè друго е само еден спин во бизнис интерес на власта и на никој друг.“, рече Филипче.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation