Симеон Михаилов, осуден во Македонија и баран за издржување затворска казна од 12 години и шест месеци, се појавил на бугарска телевизија каде зборувал за случајот со неговата ќерка Ива Михаилова на која во Кочани ѝ се суди за сообраќајна несреќа со смртни последици. Таа на првото рочиште се изјасни дека не е виновна.
Министерството за внатрешни работи потврди дека Меѓународната потерница по Симеон Михаилов сè уште е активна.
Михаилов бил дел од случајот „Детонатор“ и бил осуден за дела поврзани со обид за убиство, злосторничко здружување и насилство. Првично му била изречена доживотна казна затвор, која во понатамошната судска постапка била намалена.
Во текот на постапката тој ја напуштил Македонија, а во 2014 година бил екстрадиран од Италија, каде претходно бил уапсен по меѓународна потерница. Подоцна повторно станал недостапен за македонските органи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
