Background

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски за случајот „Талир 2,Груевски можe да се врати дома

Апелацискиот суд Скопје информира дека по одржана нејавна седница по кривичниот предмет, во јавноста познат како „Талир“, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за поранешниот премиер Никола Груевски.

Пресудата, како што се посочува, е донесена по одржана нејавна седница на 26 август годинава и разгледување на списите на предметот, а имајќи го предвид и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје.

 

- Advertisement -
Ad image

 

– При постапувањето и одлучувањето судот оцени дека преземените дејства од страна на обвинетиот Н. Г. од С., како одговорно лице во правното лице, се во рамките на неговите овластувања и не се изведени докази од страна на Основното јавно обвинителство Скопје дека постапувањето на обвинетиот е спротивно на Законот за финансирање на политичките партии. Во текот на постапката Основното јавно обвинителство Скопје, како овластен тужител, не докажал надвор од разумно сомневање дека ГП „Бетон“ имал својство на субјект кој во моментот на склучување на договорите со политичката партија вршел јавни услуги во смисла на горенаведениот закон, така што не постоела законска забрана за донирање средства од негова страна на политичката партија ниту, пак, постоела обврска на обвинетиот како одговорно лице на политичката партија тие средства да ги врати – се вели во соопштението од Апелација.

Одлуката на Апелацискиот суд Скопје, по конкретниот предмет, која ќе биде достапна во целост на веб-страницата на судот, во согласност со Законот за судовите и Законот за управување со движењето на предметите во судовите, за што, како што најавуваат, јавноста ќе биде дополнително известена.

Основниот кривичен суд Скопје на 14 јули годинава го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“ за пречекорување на службените овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation