Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5.03.44 часа.
Во женска конкуренција најдобра беше аргентинката Мајте Ајлен Пука, која замислената целна линија ја мина по 5.20.44 часа минати во водите на Охридското Езеро.
Окипинти и Пука триумфираа и на маратонот одржан минатата година.
Најдобар македонски претставник денеска беше младиот Петар Цеков кој до целта доплива како третопласиран, со резултат 5.07.26 часа.
Цеков по маратонот изјави дека трката била тешка, дека се чувствува малку изморен, но и задоволен од резултатот.
– Имав одреден пропуст во трката, не ги видов конкурентите додека ме препливаа од десната страна…За мене ова е остварување на сон. Следна цел ми е да се сконцентрирам на олимписката дисциплина на десет километри, како и за престојниот маратон во Хрватска – рече Цеков без да ги крие своите амбиции за нови успеси.
На целта на Кејот „Македонија“ во Охрид пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, која како главен покровител на маратонот победниците ги овенча со ловорови венци.
Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории.
Tagged as:
Алесио Окипинти е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон Италијанскиот пливач
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
