Денес, во рамките на врвната пливачка манифестација, 39-тото издание на Охридскиот пливачки маратон, редакцијата на ohridsky.com доби специјална благодарница од организаторите на маратонот и Пливачката федерација на РСМ, признание за особен придонес во развојот и унапредувањето на маратонското пливање.
На истата свеченост, благодарница доби и туристичката агенција ЈК Травел од Битола, партнер кој со години несебично го поддржува овој настан.
Ohridsky.com и ЈК Травел заедно се заложија во едни од најкритичните моменти во организацијата на маратонското пливање, посебно во периодот кога поранешниот претседател на РСМ, Стево Пендаровски, го откажа своето покровителство над Охридскиот пливачки маратон.
Токму во тие критични моменти, ohridsky.com и ЈК Травел, заедно со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, зацртаа заеднички план дека овој симбол на градот, Охридскиот пливачки маратон, мора да опстане. ЈК Травел и ohridsky.com тогаш ги обезбедија пливачите, организираа авионски превоз и сместување во Охрид, а го обезбедија и наградниот фонд на маратонот.
И следната година, која исто така беше критична за одржување на настанот, ЈК Травел и ohridsky.com повторно обезбедија авионски карти и сместување за пливачите, потврдувајќи ја својата посветеност кон опстанокот на маратонот.
Оваа благодарница е потврда дека посветеноста, довербата и заедничката работа секогаш се препознаваат. Ohridsky.com со гордост продолжува да биде дел од приказната на Охридскиот пливачки маратон и на секој настан кој го промовира матичниот град Охрид.
Ова е едно големо благодарам за сè што редакцијата на ohridsky.com прави за својот град.
Tagged as:
Тагови:
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
