Background

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Демократската унија за интеграција му одговори на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој изјави дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, Владата е подготвена во секое време да излезе на избори.

„Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат“, порачаа од ДУИ.

Од партијата велат дека изјавата на Мицкоски треба веднаш да се претвори во конкретно дејствување и бараат да се утврди најбрзиот уставен рок за одржување предвремени избори.

 

- Advertisement -
Ad image

„Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, нарушувањето на Охридскиот договор и слабеењето на застапеноста на Албанците во институциите“, се наведува во реакцијата.

ДУИ бара во наредните денови да започнат изборните подготовки и на граѓаните да им се даде можност да одлучат за насоката во која ќе се движи државата.

„Доколку понудата на премиерот е сериозна, нема причина за одложувања, изговори или политички калкулации. Опозицијата го даде својот одговор. ДУИ е подготвена. Да се распушти Собранието. Да се определи датумот. Да одиме на избори“, порачаа од партијата.

Мицкоски вчера изјави дека неговиот став е дека Владата добила мандат од четири години, кој завршува во пролетта 2028 година, но додаде дека доколку опозицијата побара предвремени избори, нема да бегаат од нив.

„Мојот став е познат во јавноста и ставот на оваа Влада дека ние добивме мандат за четири години. Мандатот завршува пролетта 2028 година“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека доколку опозицијата побара избори, Владата е подготвена за лидерска средба, да се договори термин и да се оди на предвремени парламентарни избори.

„Нормално е ние кукавички да не бегаме од избори. Напротив, ние сме подготвени во секое време да излеземе и да ги победиме“, изјави Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation