На грчкиот остров Родос е регистриран нагол пораст на случаи на гастроентеритис (стомачен вирус), поради што лекарите секојдневно згрижуваат меѓу 40 и 50 пациенти со симптоми на оваа инфекција.
Во болниците на Родос секојдневно се јавуваат околу 50 пациенти со симптоми на воспаление на гастроинтестиналниот тракт, односно гастроентеритис, пренесуваат грчките медиуми.
Лекарите на островот потврдиле дека годинава е регистриран значителен пораст на бројот на случаи, а здравствените власти се во состојба на зголемена готовност, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Секојдневно во одделенијата за итна медицинска помош доаѓаат приближно 40 до 50 пациенти со симптоми на гастроентеритис. Во приватните клиники, пак, случаите поврзани со ова заболување сочинуваат меѓу 40 и 60 отсто од вкупниот број интервенции.
Гастроентеритисот не е невообичаен на Родос во текот на летните месеци, но лекарите нагласуваат дека годинава порастот е особено изразен.
Засега, според достапните информации, ниту еден од пациентите не морал да биде хоспитализиран.
Лекарите ги повикуваат жителите, но и туристите кои престојуваат на островот, да бидат особено внимателни и строго да ги почитуваат правилата за лична хигиена.
Гастроентеритисот најчесто се шири по фекално-орален пат, односно преку нечисти или недоволно измиени раце, контаминирани површини или храна што ја подготвувало заразено лице.
Без оглед на причинителот, една од најважните мерки е да се спречи дехидрацијата, особено кај лицата кои имаат повраќање или дијареја.
Се препорачува редовно внесување течности, во мали голтки и почесто, како и внимателно одржување на хигиената на рацете за да се намали ризикот од понатамошно ширење на инфекцијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
