Горда Дебрца никогаш не заборава! 
Денес сме горе на Славеј Планина — на местото каде што пред 83 години се роди баталјонот „Мирче Ацев“.
Заедно со нашите војници од Армијата, сојузот на борци и ветераните од Дебрца и Охрид, положивме цвеќе и им оддадовме почит на луѓето што не жалеа животи за денес ние да живееме на своето.

Браќа и сестри, жители на нашата славна Дебрца,
Прекрасен сончев ден, чист воздух и полни срца гордост. Нема поубаво чувство од тоа да застанеш пред споменикот на своите предци и да знаеш какво јуначко потекло носи овој наш крај. Дебрца секогаш била и ќе остане непокорна!
Нека ни е честит 18 Август — Денот на Армијата!
Да ни е жива и здрава Дебрца, да ни е вечна Македонија! 
