Background

БЕНЗИНОТ ПОСКАПУВА ЗА 4,5 ДЕНАРИ, А ДИЗЕЛОТ ЗА 6,5 ДЕНАРИ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која од 18 август, од 00:01 часот, се зголемуваат максималните малопродажни цени на сите главни нафтени деривати.

Најголемо поскапување има кај дизелот, кој поскапува за 6,50 денари за литар и од понеделник ќе се продава по максимална цена од 98 денари за литар.

Бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ поскапуваат за 4,50 денари за литар. Новата максимална цена на 95-октанскиот бензин ќе биде 91,50 денари, додека 98-октанскиот ќе достигне 93,50 денари за литар.

- Advertisement -
Ad image

Поскапува и екстралесното масло за домаќинство. Неговата цена се зголемува за 6 денари за литар, па од понеделник максимално ќе се продава за 98,50 денари.

Кај мазутот зголемувањето е значително помало – за 0,188 денари за килограм, со што новата максимална цена ќе изнесува 43,726 денари за килограм.

Од РКЕ објаснуваат дека новото зголемување е последица пред сè на растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

„Референтните цени во однос на претходната пресметка бележат значително зголемување. Кај бензините растот е 8,983 проценти, кај дизелот 10,979 проценти, кај екстралесното масло 9,801 процент, додека кај мазутот изнесува 0,871 процент“, наведуваат од РКЕ.

Врз пресметката влијаел и курсот на денарот во однос на американскиот долар, кој во периодот опфатен со пресметката е понизок за 0,2247 проценти.

И покрај растот на цените на светскиот пазар, РКЕ продолжува со примената на намалениот износ на акцизата. Кај бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ акцизата е намалена за 2 денари по литар, додека кај „Еуродизел БС“ намалувањето изнесува 4 денари по литар.

Од Комисијата посочуваат дека утврдените цени се највисоки дозволени малопродажни цени. Тоа значи дека бензинските станици можат да ги продаваат горивата и по пониски цени од максимално утврдените.

Новите цени ќе важат од 18 август во 00:01 часот.

– Еуросупер БС-95: 91,50 денари/литар,

– Еуросупер БС-98: 93,50 денари/литар,

– Еуродизел БС: 98,00 денари/литар,

– Екстралесно масло ЕЛ-1: 98,50 денари/литар,

– Мазут М-1 НС: 43,726 денари/килограм.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation