Додека Горан Бреговиќ со децении е едно од најпознатите имиња на регионалната музичка сцена, неговиот помлад брат Предраг избрал сосема поинаков живот. Наместо рефлектори, концерти и медиуми, тој се определил за мир и приватност. За него јавноста најмногу дознала токму преку приказните на славниот музичар, кој во неколку наврати зборувал за семејството и детството.
Браќата во детството биле разделени по разводот на нивните родители. Горан останал со мајка му Бoрка во Сараево, додека Предраг заминал со татко му Фрањо во Ливно. Подоцна, кога станал полнолетен, Предраг се вратил во Сараево и се запишал на факултет.
Горан еднаш зборувал и за физичките сличности меѓу него, брат му и нивниот татко.
– На татко ми физички личам, низок сум, имам криви нозе, но и двајцата сме вредни – раскажал тој. За Предраг, пак, рекол дека повеќе ја наследил мајчината, црногорска страна: Висок е, убав, има големи раце – пренесуваат регионалните медиуми.

Иако не сака да биде во центарот на вниманието, Предраг води интересен и прилично необичен живот. Најмногу време поминува во Бешка, место во Срем на брегот на Дунав, каде што се занимава со лозарство и произведува вино и ракија.
Семејната приказна на Бреговиќ има и уште еден важен дел. Неговиот татко Фрањо подоцна во Сплит основал ново семејство и во 1959 година ја добил ќерката Дајана. Полусестрата на Горан и Предраг, Дајана Бреговиќ Мариќ, починала ненадејно на 61-годишна возраст. Таа била особено поврзана со семејното презиме, па на еден од своите синови му го дала презимето Бреговиќ, бидејќи нејзините браќа немале машки потомци.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
