Неда Украден го прослави својот 76. роденден и објави фотографии од Бока Которска, каде што престојува во пауза од бројните летни настапи, а на една од нив позира покрај морето во црна наметка под која се гледа син костим за капење. Нејзините следбеници веднаш ја опсипаа со честитки и комплименти.
– Уште една година, а во срцето имам уште повеќе љубов, спомени и благодарност. Не ги бројам годините, ги бројам моментите што ме направија среќна. Благодарна сум за секој нов ден, за моето семејство, пријателите, мојата публика и сите вас кои сте со мене со години. Животот е најубав кога го живееш со полни гради – напиша Неда во роденденската објава.
Овојпат прославата била во друштво на нејзината ќерка Јелена, трите внуци и блиските пријатели, кои ѝ помогнале да ги изгасне свеќичките на роденденската торта. Фотографиите од семејната атмосфера откриваат насмеана и расположена Неда, а пејачката дел од празничното расположение го сподели и со своите следбеници. Во летната атмосфера на Бока Которска, покрај морето и најблиските, таа уште еднаш покажа дека и на 76 години активно живее и настапува.
А што се однесува до фигурата по која е позната, Неда неодамна за хрватски „Story“ откри дека зад нејзиниот изглед не стои никаква магична формула.
– Нема никаква тајна, јас не сум ни на какви операциски маси секој ден. Јас сум жена која се грижи за своето тело, вежбам, колку што можам внимавам на исхраната – рекла таа. Пејачката признала дека нејзиниот животен ритам често не ѝ дозволува строго да се придржува до режим, бидејќи денес е овде, утре онде, ноќе пее, дење вози.
Сепак, кога ќе почувствува дека претерала, прибегнува кон едноставни промени во исхраната.
– Потоа малку на диета, малку исфрлаш шеќери, тесто и сè што се подразбира, но во суштина тоа е една голема работа и енергија – објаснила Неда. Токму комбинацијата од физичка активност, внимание во исхраната и, како што вели самата, многу работа и енергија, според неа е заслужна за формата во која се наоѓа и денес.
По повеќе од пет децении на сцената, пејачката и понатаму настапува, патува и ужива во животот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
