Пиштол закочил во моментот кога 52-годишен маж се обидел да застрела сограѓанин во глава среде кафуле во Елбасан. Драмата ја снимиле безбедносните камери. Нападнатиот успеал да се спаси.
Инцидентот се случил околу 13 часот во кафулето „Арт Кофи Бистро“ во населбата „28 Нентори“(28 Ноември).
Според информациите на албанската полиција, осомничениот Поли Боричи седел во кафулето со сопругата. Кога 50-годишниот Ермир Кертези, познат и како Битоци, излегол на терасата за да разговара на телефон, Боричи тргнал по него.
Тој извадил пиштол од чантата и му го вперил во главата. Го повлекол чкрапецот, но оружјето закочило, пишуваат албанските медиуми.
Кертези веднаш му ја турнал раката и почнал да бега. Осомничениот накратко го бркал по улицата, а потоа побегнал.
Полицијата ја активирала акцијата „Реакција“ и по неколку часа го уапсила 52-годишниот Боричи. Кај него бил пронајден и пиштолот.
Според неговата верзија, зад обидот за убиство стои крвна одмазда. Тој тврдел дека Кертези пред 15 години тешко го ранил неговиот брат и го оставил неподвижен.
Кертези, пак, дал поинаква верзија во исказот. Тој тврди дека односите меѓу семејствата одамна биле нормализирани и дека со години живееле во исто маало без конфликти.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
