Три лица се тешко повредени во нова сообраќајна несреќа во скопското село Ласкарци, место кое јавноста го памети по автобуската трагедија на „Дурмо турс“.
Според медумот Тетова сот, кој се повикува на очевидци, автомобил под засега неразјаснети околности излетал од главниот пат. Возилото завршило на спореден пат во селото.
На местото пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата.
Засега нема официјални информации за идентитетот и за точната состојба на повредените. Не е позната ниту причината за излетувањето на автомобилот.
Полицијата ги утврдува околностите на несреќата.
Tagged as:
Автомобил излетал од патот кај Ласкарци три лица тешко повредени
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
