Background

ЗАПРЕНА ИСТРАГАТА ПРОТИВ ЧОВЕКОТ ШТО БЕШЕ ПОСОЧЕН ДЕКА ГО СОКРИЛ ПИШТОЛОТ СО КОЈ БЕА УБИЕНИ ВАЊА И ПАНЧЕ

Јавното oбвинителство ја запре истрагата против вработениот во Народната банка кој беше осомничен дека помогнал во сокривањето на пиштолот и на моторолите поврзани со убиствата на Вања Ѓорчевска (14) и Панче Жежовски (64). Причината е што по извршените проверки не биле обезбедени докази дека осомничениот го сторил кривичното дело за кое се водела постапката.

Станува збор за лице со иницијали З.Д., кое во судската постапка го спомена сега осудениот Велибор Манев. Во завршниот збор Манев рече дека Љупчо Палевски – Палчо, додека бил во бегство, му кажал да стапи во контакт со него, за да го отстрани и уништи „пакетот“.

– Бидејќи ме нарече лажго и сака да ми натовари вина дека јас сум ги убил Вања и Панче, еве ќе кажам дека лично тој ми се јави од турска граница и ми рече да му се јавам на З. Д. од Народна банка, член на Десна. Ми рече да му се јавам за да го отстрани „пакетот“ откај него, да го фрли и уништи. Да не може да се најде. После тоа морав да го известам дека сум се јавил и сум ја пренел пораката – рече Манев на судењето.

- Advertisement -
Ad image

Пиштолот со кој Палевски ги убил Ѓорѓевска и Жежовски не беше пронајден во првичната истрага за двете убиства.

По овие тврдења на Манев беше отворена истрага за кривично дело Помагање на сторител по извршено кривично дело. Во рамките на постапката биле извршени и претреси.

Обвинителството соопшти дека собраните докази не ги потврдиле сомневањата.

„По извршените проверки, надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за запирање на истражната постапка бидејќи не се обезбедија докази дека пријавениот го сторил наведеното кривично дело“, соопшти Обвинителството.

Во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски  на четворицата обвинети, Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешиев, им беше изречена казна доживотен затвор, која е потврдена на Апелација.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, беше ослободен од обвинението дека им помогнал на киднаперите, но Апелација ја укина пресудата и наложи повторно судење.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation