Background

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Според него, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии, со што во изминатите година и пол се воведени 28 нови авиодестинации, а со зимскиот ред на летање се очекува и нови дестинации, што значи дека до крајот на годината може да се стигне и до 4 милиони патници.

​- Од двата аеродроми имаме 28 нови дестинации во изминативе година и половина. Сериозен раст на авиосообраќајот, минатата година имаше голем раст, оваа година има историски раст. ​Оваа година двата аеродроми заедно во првите шест месеци имаат раст од 32 проценти – изјави Николоски.

- Advertisement -
Ad image

Гледано во апсолутни бројки, нагласи Николоски, минатата година достигнавме 3 милиони патници, а годинава веќе сме над 2 милиони патници, што значи дека до крајот на годината може да стигнеме до 4 милиони патници.

– Ако тоа не се случи во 2026, тогаш сигурно во 2027 година ќе стигнеме до четири милиони патници, што е огромна бројка, имајќи предвид дека вкупното население во државата е 1,8 милиони – нагласи Николоски.

Аеродромите во Скопје и во Охрид се најбрзо растечки во своите категории и постигнаа апсолутни рекоди во јули.

– Во еден ден во јули на Скопскиот аеродром имаше 101 воздушна операција – слетувања и полетувања, а на Охридскиот имаше 21. Тоа е апсолутен рекод, којшто претходно не е забележан. И во следниот период продолжуваме со овој раст – порача Николоски.

Тој потсети дека компанијата Виз Ер, ја има својата трета најголема база во Европа токму во Скопје со седум воздухоплови и најави дека се очекува еден воздухоплов да биде стациониран и во Охрид, а со зимскиот ред на летање и нови дестинации.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation