Background

Поради големиот пожар во Сивири на првиот крак на Халкидики, туристите и жителите на малото грчко приморско место ноќта ја поминаа во привремен престој, по евакуацијата и по копно и по море

Поради големиот пожар во Сивири на првиот крак на Халкидики, туристите и жителите на малото грчко приморско место ноќта ја поминаа во привремен престој, по евакуацијата и по копно и по море. Ситуацијата утрово е значително подобрена, пожарот е ставен под контрола и има само мали расфрлани жаришта, сепак патот до Сивири останува затворен и не е дозволен пристап.

Од општина Касандра информираа дека од раните утрински часови продолжува гаснењето од воздух, а во Сивири, од безбедносни причини, сè уште не е дозволено враќање на жителите и на сопствениците на објекти.

Екипите на операторот на дистрибутивната електроенергетска мрежа и противпожарната служба ги завршуваат неопходните работи и проверки, со цел враќањето во населбата да се изврши безбедно.

- Advertisement -
Ad image

„Се молат сите да покажат трпение и одговорност и строго да ги следат упатствата и насоките на надлежните органи. Приоритет останува безбедноста на сите и безбедното враќање на жителите на нивните имоти“, соопштија од општината.

Вчера, кусо откако избувна пожарот, порака за евакуација од бројот 112 за итни случаи добија сите оние кои беа во Сивири, што значеше дека треба веднаш да го напуштат местото и да се упатат, првично кон Мола Калива, а потоа во правец кон Скиони.

Оние кои останаа беа евакуирани по морски пат, вкупно 481 лице.

Дел од нив беа префрлени во марината во Сани, а дел во Солун.

Сите кои го напуштија Сивири, ноќта ја поминаа на различни локации на Халкидики и во Солун, каде што им беше обезбедено привремено сместување, за што беше отворена и специјална платформа од Министерството за туризам во соработка со Грчката хотелска комора.

Евакуираните од пожарот добија помош и поддршка и од грчкиот Црвен крст.

Грчката полиција уште од синоќа го блокираше патот до Сивири, а во текот на ноќта патролираше, како што е пракса за време на евакуации и пожари, за да спречи евентуални кражби.

Сивири е мало приморско место, со нешто помалку од 300 жители, но во текот на летото ова бројка значително се зголемува, со оглед на тоа што е популарна дестинација за македонски, српски туристи, како и посетители пошироко од Балканот, но и многу Грци таму имаат викендички.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation